Достапни линкови

Русија го смести Левада центар во „странски агенти“


Руското Министерство за правда соопшти дека организацијата Левада центар е ставена во групата на организации кои работат како странски агенти, оти добивале странска помош од САД.

Организацијата е една од најголемите руски невладини организации кои спроведуваат истражувања и анкети.

Русија во 2012 усвои закон со кој невладините кои добиваат пари од странство и се ангажираат во политички активности да ги регистрираат како „странски агенти“.

XS
SM
MD
LG