Достапни линкови

logo-print

ЕУ, ОБСЕ и САД со осуда за нападот на ТВ станица во Киев


Европски и американски власти го осудија нападот врз ТВ станица во Киев и велат дека такви напади се неприфатливи.

Портпаролот на Европската комисија, Маја Коцијанцич, рече дека Украина треба да обезбеди целосна независна истрага за нападот на телевизијата Интер. Во нападот на телевизијата, која во Киев важи за про-руска, се повредени пет луѓе. Таа вели дека ЕУ особено ги следи инцидентите против новинарите и медиумите.

И претставникот на ОБСЕ за медиуми, Дуња Мијатовиќ го осуди инцидентот. Таа во соопштение наведува дека насилството не е прифатливо во ниту еден случај, ниту тогаш кога има несогласување со уредувачката политика и кога известувањето се смета за провокативно и за контроверзно.

Вашингтон го осуди нападот на ТВ станицата. Од Амбасадата на САД во Киев на Твитер напишаа дека поддржуваат темелна истрага за подметнувањето на пожар во ТВ Интер.

Украинските власти соопштија дека се уапсени девет луѓе во врска со нападот.

XS
SM
MD
LG