Достапни линкови

Путин го посети гробот на Каримов


Узбекистан сака да ги задржи стабилните односи со САД во време кога државата се соочува со промена на лидерството за првпат по нејзината незавиност, изјави Даниел Розенблум, заменик-помошник државен секретар за Централна Азија во Стејт Департментот на САД. Тој денеска се сретна со министерот за надворешни работи на Узбекистан Абдулазиз Комилов во Ташкент. Ова е прва посета на еден американски дипломат по смртта на претседателот Ислам Каримов минатата недела. Американскиот дипломат вели дека е во посета на Узбекистан за да изрази сочувство за смртта на претседателот и да ја покаже заложбата за партнерство со Узбекистан.

Во меѓувреме во Узбекистан е и рускиот претседател Владимир Путин кој го посети гробот на починатиот претседател. Путин му изрази сочувство и на семејството на Каримов. Рускиот претседател на средбата со премиерот Шавкат Мирзијаев, рече дека може да сметаат на поддршката од Русија.

Тој се надева оти темелите на државата поставени од Каримов ќе се користат и понатаму.

Узбекистанскиот премиер вели дека се подготвени да ги оддржат и развиваат односите со Москва. Путин не присуствуваше на погребот на Каримов на 3 септември.

XS
SM
MD
LG