Достапни линкови

Еден загинат кога македонски автобус се судри со камион во Турција


Еден македонски државјанин загина, а четириесетина се повредени при судар на автобус со македонски туристи и камион, што се случил синоќа кај турскиот град Малкара, на околу 40 километри до грчко турската граница. Според турските медиуми, по судирот автобусот со скопски регистерски таблички се заглавил во камионот со турски таблички, при што бил влечен уште стотина метри. Петмина од повредените се наоѓале во тешка состојба, додека останатите 33 туристи биле полесно повредени. Тие се префрлени во најблиската болница во Малкара.

XS
SM
MD
LG