Достапни линкови

Клинтон загрижена од руското мешање во изборите


Демократскиот претседателски кандидат Хилари Клинтон изрази загриженост во врска со „веродостојни извештаи“ за руското мешање во изборите во Соединетите Држави. Таа го обвини нејзиниот ривал, републиканскиот кандидат Доналд Трамп дека бил фиксиран на диктатори, вклучувајќи го и рускиот претседател Владимир Путин.

Одговорајќи на прашања на новинари во авионот со кој патува на нејзината изборна кампања Клинтон изјави дека и демократите и републиканците треба да бидат загрижени во врска со однесувањето на Русија.

„Фактот што нашите разузнавачки професионалци ова сега го проучуваат и го сметаат за сериозно покренува некои сериозни прашања во врска со потенцијалното руско мешање во нашиот изборен процес“, рече Клинтон, додавајќи:

„Се соочуваме со многу сериозен проблем. Ние никогаш не сме имале странска контрадикторна моќ веќе да биде вклучена во нашиот изборен процес. Ние никогаш не сме имале кандидат на една од нашите најголеми партии да ја повикува Русите да хакира повеќе“, рече таа.

Претходно Доналд Трамп го пофали претседателот на Русија Владимир Путин и ја повика Москва да открие десетици илјади, како што рече, „исчезнати“ пораки од времето кога Клинтон беше шеф на американскиот Стејт департмент.

Тој подоцна изјави дека неговите коментари биле саркастични.

Клинтон смета дека руските разузнавачки служби извршиле хакерски напад во Националниот комитет на демократите.

Запрашана дали таа верува дека руската влада се обидува да му помогне на нејзиниот противник во изборите, Клинтон рече:

„Тој многу рано се поврза со политиките на Путин. Мислам, да се повлечеме од НАТО. Ќе ве молам? Згора на се тој го фали Путин. Се чини дека тој ја има оваа бизарна атракција на диктатори, вклучувајќи го и Путин“, рече таа.

ФБИ, освен за хакирањето во Демократската партија започна истрага и за тоа дали руски хакери влегле и во системите за онлајн гласање на две американски држави, Аризона и Илиноис.

„Треба да се стави јасно до знаење дека ние нема да дозволиме никому да се меша во одлуките на американскиот народ", рече таа.

Клинтон која беше критикувана поради тоа што не држи редовни конференции за печат ја отфрли загриженоста за нејзината здравствена состојба како еден од многуте теории на заговор против неа.

„Јас не сум загрижена за теориите на заговор. Ги има толку многу и не им обрнувам внимание“, рече таа, наведувајќи дека имала сезонска алергија кога почнала да кашла на еден настан во Охајо.

Клинтон, чие користење на приватниот имејл додека беше државен секретар ја следи нејзината претседателска кампања рече дека нападите врз нејзиното семејство не основани, но го избегна прашањето дали нејзината ќерка Челзи треба да се повлече од раководството на нејзината Фондација доколку биде избрана во ноември.

  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG