Достапни линкови

logo-print

Во Иран затворени 800 продавници на „несоодветна облека“


Иранската полиција затворила над 800 продавници на облека во земјата поради тоа што во нив се продавала нековенционална и несоодветна облека, пренесе државната телевизија, додавајќи дека станува збор за облека од западен тип која не ги исполнува исламските норми. Претходно за ова биле предупредени околу 3600 продавници. Од исламската револуција во 1979 година кога на власт дојдоа исламистите, жените во Иран имаат обврска да се прекријат од глава до петици.

XS
SM
MD
LG