Достапни линкови

Обама го откажа состанокот со филипинскиот претседател


флипински претседател Родриго Дутерте

флипински претседател Родриго Дутерте

Американскиот претседател Барак Обама го откажа планираниот состанок со новиот флипински претседател Родриго Дутерте во Лаос во настојување да се дистанцира од него. Пред состанокот Дутерте му порача на Обама да не го прашува за вонсудските убиства на наркодилери во неговата земја и го нарече „кучкин син“. Обама на конференцијата за печат на самитот на Г 20 во кинескиот град Хангџу изјави дека слушнал што рекол Дутерте. На Филипините од доаѓањето на Дутерте на власт на 30 јуни годинава без судска пресуда биле убиени над 2 илјади дилери и наркомани.

XS
SM
MD
LG