Достапни линкови

Неизвесна визната либерализација за Косово


Комисијата на Европскиот парламент за граѓански слободи гласаше за визна либерализација на Косово и на Грузија во Шенген зоната на ЕУ. Меѓутоа, Комисијата гласаше против предлогот Европскиот парламент да дозволи другите европски институции да почнат преговори за оваа либерализација со Косово. Првата реакција простигна од косовскиот министер за интеграција, Блерим Чолаку кој поздрави одлуката на комисијата да го поддржи извештајот за визна либерализација за Косово, оценувајќи ја како „една добра вест“. „Прашањето за визна либерализација сега е во раце на косовските лидери, изјави Чолаку. Според него, уште еднаш стана јасно дека главниот критериум за да се случи визната либерализација останува ратификацијата на Договорот за демаркација на границата со Црна Гора.

XS
SM
MD
LG