Достапни линкови

Пороен дожд го прекина мечот меѓу Албанија и Македонија


Поројниот дожд беше причина квалификацискиот натпревар за Светското фудбалско првенство меѓу репрезентациите на домаќинот Албанија и на Македонија да биде прекинат во 76 минута. Дотогаш резултатот беше 1 спрема 1. Судијата го прекина натпреварот откако поројниот дожд ја намали видливоста со што немаше услови за игра. УЕФА соопшти дека натпреварот ќе се доигра денеска. Албанија поведе во деветата минута со голот на Садику, додека Македонија издедначи во шестата минута од второто полувреме со голот на Алиоски.

XS
SM
MD
LG