Достапни линкови

Ватикан се извини за грешката во брошурата за Мајка Тереза


Ватикан се извини за грешката со местото на раѓање на Мајка Тереза, откако реагираше македонската Амбасада во Ватикан. Во брошурата на англиски јазик подготвена од ватиканските власти за канонизацијата на Мајка Тереза беше наведено дека таа е родена во Скопје, Албанија. Државниот секретаријат на Ватикан упати извинување за пропустот. По реакциите, на примероците од официјалните делегации е корегирана грешката. Грешката беше само на англиската верзија на брошурата.

XS
SM
MD
LG