Достапни линкови

logo-print

ИД стои зад серијата бомбашки напади во Сирија


Нападот во градот Тартус.

Нападот во градот Тартус.

Екстремистичката група Исламска држава презеде одговорност за неколку бомбашки напади во Сирија во кои загинаа над 40 луѓе. Исламската држава преку својата онлајн агенција АМАК соопшти дека стои зад нападите во Дамаск, во Тартус, Хомс и во Хасаки. Беа бомбардирани претежно области кои се под контрола на сириската влада.

Државните медиуми во Сирија јавуваат дека 35 луѓе се убиени, а 43 повредени во два поврзани напади на мостот Арзуна кој се наоѓа на влезот на градот Тартус. Државната телевизија соопшти дека првата експлозија е предизвикана од автомобил-бомба, а кога дошле спасувачките екипи бомбаш самоубиец детонирал експлозив. Во нападот во Хомс се убиени три луѓе, во експлозија во Сабура на патот кој води кон Дамаск е убиен еден човек, а во бомбашки наапд во Хасаки, кој е под контрола на курдските сили, се убиени осум луѓе.

XS
SM
MD
LG