Достапни линкови

Британија повторно назначи амбасадор во Иран


Британски амбасадор во Ирак ќе биде Николас Хоптон.

Британски амбасадор во Ирак ќе биде Николас Хоптон.

Велика Британија назначи амбасадор во Иран по пауза од пет години, во услови кога двете земји се обидуваат да ги подобрат односите. Британски амбасадор во Ирак ќе биде Николас Хоптон, кој досега бил амбасадор во Јемен и во Катар, а на пониска позиција служел и во амбасадата во Техеран. Британската амбасада во Техеран беше затворена во ноември 2011 година, откако беше нападната и ограбена од група демонстранти. Во соопштение, министерот за надворешни работи на Британија, Борис Џонсон наведува дека надградбата на дипломатските односи отвара можност за се развиваат дискуси за многу важни прашања, вклучително и за конзуларните, за кои, како што наведува министерот, е многу загрижен.

„Се надевам дека тоа ќе означи почетокот на попродуктивна соработка меѓу нашите земји, овозможувајќи ни да разговараме за повеќе директни прашања, како што се човековите права и улогата на Иран во регионот“, стои во соопштението.

Минатата недела беа повторно воспоставени директни летови меѓу Лондон и Техеран.

XS
SM
MD
LG