Достапни линкови

Пет луѓе повредени во пожар во ТВ станица во Киев


Најмалку пет луѓе се повредени во пожарот кој ја зафати телевизиската станица Интер во Киев. Дел од вработените во телевизијата се хоспитализирани бидејќи се затруле од чадот, а еден човек си ја скршил ногата бегајќи од пожарот. Киевската полиција соопшти дека се јавиле очевидци кои велат дека во станицата била фрлена димна бомба. Полицајците уапсиле шест луѓе поврзани со настанот. Зградата на телевизијата ја зафати пожар, откако дваесетина демонстранти пред зградата на оваа телевизија запалиле автомобилски гуми.Телевизиската станица Интер повеќето Украинци ја сметаат за проруска, но не се знае националноста на демонстрантите.

XS
SM
MD
LG