Достапни линкови

Чешки војници на бугарското-турската граница


Чешкиот претседател Милош Земан денеска изјави дека неговата земја и целата Европска uнија треба да и помогнат на Бугарија во чување на нејзината граница со Турција за запирање на мигрантите.

Бугарија е членка на ЕУ, но не и на Шенгенската зона. Некои бегалци патуваат преку нејзина територија на пат кон богатите западни европски земји.

Приливот на бегалци во Грција и во Бугарија значително беше намален по неодамнешната спогодба меѓу Турција и ЕУ.

По денешната средба со својот бугарски колега Росен Плевнелиев, Земан изјави дека веќе се договараат деталите за испраќање на Чесите во Бугарија.

Чешка денеска испрати 50 полицајци во Унгарија, кои ќе помагаат во чувањето на границата со Србија, а пред тоа размести десетици полицајци во Грција, Словенија и Македонија.

XS
SM
MD
LG