Достапни линкови

Двоен бомбашки напад во Кабул


Најмалку десет луѓе се убиени во бомбашки напади во Кабул во близина на Министерството за одбрана на Авганистан. Авганистанските власти велат дека станува збор за бомбаши самоубијци кои се разнеле еден по друг во областа во која имало многу народ. При нападот се убиени полицаец и цивили. Во нападот се повредени 30 луѓе. Портпаролот на талибанците на Твитер напиша дека цел на првиот напад било Министерството за одбрана, а на вториот полицијата.

XS
SM
MD
LG