Достапни линкови

Седум години од бродската несреќа во Охрид


Цвеќе пред паметникот во Охрид во спомен на жртвите во бродската несреќа што се случи на денешен ден пред точно седум години, денеска положија претставници на Општина Охрид, на Бугарскиот културно-информативен центар во Скопје, на Капетанијата на пристаништа и на Здружението на граѓани „5 септември“. Пред седум години при потонувањето на бродот „Илинден“ во Охрид животот го загубија 15 туристи од Република Бугарија.

Бродот „Илинден“ што со 57 патници сообраќаше на релација од Охрид за Свети Наум се преврте и потона на околу 250 метри оддалеченост од брегот на езерото, кај автокампот „Елешец“.

XS
SM
MD
LG