Достапни линкови

Серија бомбашки напади во Сирија, најмалку 44 жртви


Нападот во градот Тартус

Нападот во градот Тартус

Најмалку 44 луѓе загинале во серија бомбардирања во Сирија, претежно во области кои се под контрола на сириската влада. Државните медиуми во Сирија јавуваат дека 35 луѓе се убиени во два поврзани напади на мостот Арзуна кој се наоѓа на влезот на градот Тартус. Државната телевизија соопшти дека првата експлозија е предизвикана од автомобил-бомба, а кога дошле спасувачките екипи бомбаш самоубиец детонирал експлозив. Уште тројца луѓе загинаа кога автомобил-бомба екплодираше во градот Хомс. Уште еден човек загинал во експлозија во градот Сабура. Во бомбашки напад во градот Хасаки, кој е под контрола на курдските сили, се убиени уште 5 луѓе.

XS
SM
MD
LG