Достапни линкови

Русија и Саудиска Арабија за стабилност на нафтениот пазар


Руските власти велат дека се согласиле со Саудиска Арабија да работат заедно за да ја вратат стабилноста на пазарот со нафта. Рускиот министер за енергетика Александар Новак денеска на маргините на Г20 изјави дека Москва е подготвена да се приклучи на договорот со кој се замрзнува производството на нафтата. Тој исто така рече и дека таквиот договор ќе помогне на нафтениот пазар. Големите произведувачи на нафта не можеа да се договорат за замрзнување на производството на нафтата поради спорот меѓу Саудиска Арабија и Иран. Нафтениот пазар се соочува со презаситеност што придонесе за пад на цената на нафтата на светскиот пазар.

XS
SM
MD
LG