Достапни линкови

Путин и Обама разговарале за Сирија и Украина


Претседателот на САД Барак Обама и рускиот претседател Владимир Путин се сретнаа на маргините на самитот на Г20 во Кина. Тие разговарале за Сирија, за американската загриженост за сајбер нападите, како и за ситуацијата во Украина, изјавил американски официјален претставник за Асошиејтед прес.

Обама и Путин се согласиле нивните дипломати да продолжат да разговараат за Сирија, откако претходно денеска не успеаа да договорат прекин на огнот.

Американскиот државен секретар Џон Кери и рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров неколку недели се обидуваат да посредуваат за договор со кој ќе се спречи насилството во Сирија. Русија ја поддржува сириската власт, а САД умерените бунтовниците. И портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков потврди пред новинарите дека Путин и Обама разговарале за Сирија и Украина.

XS
SM
MD
LG