Достапни линкови

Русија спроведува голема воена вежба


Русија започна голема воена вежба на границата со Украина и во анектираниот Крим. Од руското Министерство за одбрана соопштија денеска дека 12.500 војници учествуваат на воена вежба. На вежбата се вклучени и руската морнарицата во Црното и Каспиското Море, а вклучени се и воздухопловните сили. Шестдневната вежба има за цел да ја тестира подготвеноста на армијата за да испланира, подготви и спроведе воени дејствија, се вели во соопштението на Министерството. Русија и минатиот месец одржа предвремени воени вежби на границата со Украина и на границата со балтичките земји. Тензиите меѓу Русија и Украина се засилија изминатиот месец откако Русија ја обвини Украина дека сака да го дестабилизира анектираниот Крим.

XS
SM
MD
LG