Достапни линкови

logo-print

Се степале бегалци на островот Лезбос во Грција


Ривалски група на бегалци и мигранти се судриле ноќескаво кампот на грчкиот остров Лезбос, соопштија грчките власти.

Тепачката во Мориа почнала по полноќ во делот на кампот каде што има малолетници и потоа се проширила, соопштија властите, додавајќи дека деца бегалци од Сирија биле нападнати од група деца од Авганистан.

Засега не е познат точниот број на повредени, а околу 40 бегалци и мигранти избегале во околните области. Ситуацијата била смирена околу четири часот изутрина по интервенција на полицијата. Властите се обидуваат да ги лоцираат исчезнатите деца.

На Лезбос моментно има речиси 5.000 мигранти и бегалци. Локалните власти постојано бараат властите да преземат итни мерки за да се растеретат пренатрупани објекти во кои се сместени мигрантите. Во меѓувреме во Грција пристигнуваат нови бегалци и мигранти

На грчките острови во изминатите 48 часа пристигнале вкупно 84 мигранти и бегалци, соопштија денеска властите.

Според последните информации на Координативното тело за справување со бегалската криза, на Лезбос, Хиос и Самос во моментов има 9.308 бегалци и мигранти.

XS
SM
MD
LG