Достапни линкови

Работата на СЈО и преодната влада – најкоментирани теми


Изјавите на градоначалникот на Општина Центар, Андреј Жерновски, за СЈО и формирањето на преодната влада за изборите се најкоментирани теми од нашите читатели.

Што е тоа истерана работа до крај од СЈО? - прашува Марјанчо Ангеловски во својот пост на нашата Фејсбук страница поттикнат од искажувањето на градоначалникот на Општина Центар, Андреј Жерновски во неделното интервју за РСЕ. Па потоа ја анализира досегашната практика на домашните судски инстанци: „Прашање е дали Кривичниот совет при Основниот суд Скопје 1 ќе го прифати обвинението, па не доаѓаат на рочишта. Во меѓувреме избори заради избори со раситнување на еврообврзницата од 450 милиони евра за политичка корупција. Не си играјте играчки со граѓаните, а со тоа и со државата која со секој поминат ден е посиромашна за одреден број млади работоспособни луѓе“.

Коментирајќи ја информацијата за собраниската седница на која премиерот Димитриев, претставувајќи ја преодната влада со министри од опозицискиот СДСМ, изрази очекување дека сите членови на Владата ќе работат совесно и одговорно, Олга Миновска коментирала: „Димитриев, како твоите што гласаат министер за еден ден и прават преместувања преку ноќ во ВМРО-МВРО“.

Според постовите на Фејсбук во врска со информацијата „Дали министрите од СДСМ сега ќе бидат поитри“, нашите фанови со различни мислења и не многу расположени за кадарот на опозициската партија: Костадин Тасевски напишал: „За да бидеш итар трба да имаш интелигенција, а кога си во позадина на црпнатиот, тешко дека ја имаш“. Ивана Живковска, меѓутоа му реплицира: „Тие со просек 6.1 видовме колку ги бива и за што ги бива, тие стварно итри испаднаа“. Младен Марковиќ напишал: „Жално е за една држава ако зависи од итрината на едните и на другите, а не од законите!“ Лазо Малинов, пак, напишал: „Добро, ај овие не ги бива, ами другине 10 години се министри како да се подобри, уште деца беа во патики само кај нас се доаѓа на висока функција. Во права држава со работа и ред се стекнува кариера“. Лазо Малинов постирал: „Само работникот напредува, највисока функција му е пензијата“.

И како за крај, не ни забележувајте на нескромноста: Редакцијата на македонски јазик на РСЕ прославува 15 години од работењето. Кирил-Кико Пировски ни испратил убави зборови: „Честитки, уште многу јубилеи да си дочекате/ме“.

  • 16x9 Image

    Горица Попова

    Родена е во Кочани, дипломирала во 1976 год. на Филозофскиот факултет во Скопје. Како новинар работи над 30 години. Почнала во Македонско радио- Радио Скопје во 1978 год. Од јуни 2009 год. е соработник на Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG