Достапни линкови

logo-print

Мечот Албанија-Македонија ќе го обезбедуваат 900 полицајци


Фудбалската репрезентација на Македонија денеска со натпреварот во Скадар против селекцијата на Албанија го почнува новиот циклус квалификации. Домаќинот е учесник на последното Европско првенство што се одржа во Франција и очекува голема поддршка од трибините на новиот стадион „Лоро Бориќи“ во Скадар. Натпреварот ќе го обезбедуваат најмалку 900 полициски службеници. За безбедноста на високите личности,кои ќе бидат на стадионот, ќе бидат ангажирани и припадниците на Националната гарда.

XS
SM
MD
LG