Достапни линкови

Времето денеска: сончево со умерена облачност


Во Македонија во текот на денот ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Кон крајот на денот обчаноста ќе се зголеми, така што во вечерните часови во северните делови ќе има локален слаб дожд со ретки грмежи. Утринската температура ќе се движи од девет до 17, а дневната од 27 до 34 степени. Во Скопје сончево со мала до умерена локална облачност. Во вечерните часови ќе има зголемена облачност со услови за слаб дожд. Утринската температура ќе се спушти до 16, а дневната ќе се искачи до 31 степен.

XS
SM
MD
LG