Достапни линкови

Избори во родниот крај на Меркел


Германската канцеларка Ангела Меркел

Германската канцеларка Ангела Меркел

Во германската покраина Мекленбург-Западна Померанија, која е и родното место на канцелрката Ангела Меркел започна гласањето за новиот состав на локалниот парламент. Анкетите покажуваат дека анти-мигрантската партија Алтернатива за Германија ќе оствари голема предност во услови на зголемено несогласување со Меркел и нејзината политика на отворени врати за бегалците.

Гласањето се одвива точно една година по одлуката на Меркел да ги отвори границите на Германија за стотици илјади бегалци. Гласачите веќе ја казнија Меркел и нејзината Христијанско Демократска Унија во три покраини во март годинава. За две недели е гласањето и во клучната покраина Берлин, а во наредната година во септември се закажании националните избори.

XS
SM
MD
LG