Достапни линкови

Хан очекува визна либерализација за Украина и Грузија


Еврокомесарот за проширување Јоханес Хан

Еврокомесарот за проширување Јоханес Хан

Еврокомесарот за проширување Јоханес Хан изјави дека Европскиот Парламент и земјите членки на ЕУ ќе донесат одлука со која ќе и се гарантира визна либерализација на Украина и Грузија во текот на годинава. Говорејќи за време на министерскиот состанок во Братислава тој истакна дека меѓу земјите членки на ЕУ има јасна индикација и јасни исчекувања дека двете земји ќе ја одбијат визната либерализација.

И Европскиот Парламент и Европскиот Совет мора да дадат зелено светло за визната либерализација, а извори за Радио Слободна Европа соопштија дека тоа ќе се случи во октомври и ноември, а државјаните на двете земји ќе може слободно да патуваат во Шенген зоната во текот на зимата.

XS
SM
MD
LG