Достапни линкови

Мајка Тереза прогласена за Светица


Поглаварот на Римокатоличката црква, Папата Франциск на церемонија која се одржа на плоштадот „Св. Петар“ во Ватикан ја прогласи Мајка Тереза за Светица. Македонска државна и црковна делегација предводена од претседателот Ѓорге Иванов присуствуваше на церемонијата. Посебно место на свеченоста имаат делегациите од Македонија, Албанија и Индија како земји на нејзиното раѓање, потекло и мисија.

На канонизацијата на Мајка Тереза присустваат многубројни верници и високи гости од целиот свет. Утре на плоштадот Свети Петар ќе биде одржана утринска миса во чест на Мајка Тереза, што ќе ја води државниот секретар на Светата столица, кардиналот Пјетро Паролин. Мајка Тереза беше добитник на Нобелова награда за мир, а нејзиниот чудотворен карактер беше признат од Римокатоличката црква.

XS
SM
MD
LG