Достапни линкови

Литванија испрати воена помош во Украина


Литванија ги снабди со 150 тони муниција украинските војници кои се борат против проруските бунтовници во источниот дел на земјата. Министерството за одбрана на земјата соопшти дека на Литванија и е должност да помогне на посветен пријател кој бил нападнат од Русија. Според министерството, Литванија одговорила на повикот за помош и се надева оти тоа ќе им го олесни животот на Украинците. Литванија втор пат праќа воена помош за Украина откако започна конфликтот во 2014 година.

XS
SM
MD
LG