Достапни линкови

logo-print

Тешки преговори на САД и Русија за Сирија


Американскиот претседател Барак Обама

Американскиот претседател Барак Обама

Американскиот претседател Барак Обама изјави дека разговорите со Русија ќе бидат клучни во постигнувањето договор за ставање крај на насилството во Сирија. Но, според него преговорите се тешки и има големи разлики во ставовите меѓу Вашингтон и Москва. Тој за време на посетата на Кина на маргините на самитот на Г20 истакна и дека е прерано да се каже оти имаат отворен пат напред, но и дека постои можност за напредок.

Американскиот државен секретар Џон Кери и неговиот руски колега Сергеј Лавров веќе неколку недели водат разговори за постигнување договор за зајакнување на воената соработка на двете земји во борбата против милитантната група Исламска држава и други екстремисти во Сирија.

XS
SM
MD
LG