Достапни линкови

logo-print

Канонизација на Мајка Тереза


Македонска државна и црковна делегација предводена од претседателот Ѓорге Иванов ќе присуствува на церемонијата на канонизација на Мајка Тереза во Ватикан. Церемонијата се одржува на плоштадот „Св. Петар“, а на неа поглаварот на Римокатоличката црква, Папата Франциско ќе ја прогласи Мајка Тереза за Светица.

Во состав на македонската делегација се и премиерот Емил Димитриев, министрите за надворешни работи и за култура, Никола Попоски и Елизабета Канческа Милевска, лидерите на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, Никола Груевски и Зоран Заев, претставници на Католичката црква во Македонија и на Македонската православна црква - Охридска архиепископија, како и претставник на фамилијата на Мајка Тереза.

Посебно место на свеченоста ќе имаат делегациите од Македонија, Албанија и Индија како земји на нејзиното раѓање, потекло и мисија. Утре на плоштадот Свети Петар ќе биде одржана утринска миса во чест на Мајка Тереза, што ќе ја води државниот секретар на Светата столица, кардиналот Пјетро Паролин. Мајка Тереза беше добитник на Нобелова награда за мир, а нејзиниот чудотворен карактер беше признат од Римокатоличката црква.

XS
SM
MD
LG