Достапни линкови

Попоски на министерски состанок на ЕУ во Братислава


Министерот за надворешни работи Никола Попоски

Министерот за надворешни работи Никола Попоски

Министерот за надворешни работи Никола Попоски учествуваше на неформалниот состанок на министрите за надворешни работи на земјите-членки на Европската унија и земјите-кандидати за членство во ЕУ , кој се одржа вчера и денеска во Братислава.

Според соопштението на МНР, на состанокот станало збор за борбата против тероризмот и радикализацијата како и на поефикасното справување со предизвиците од мигрантската криза. Попоски истакнал дека заедничката борба против тероризмот би дала многу подобри резултати ако се случува преку интеграцијата на земјите од регионот во ЕУ и НАТО. Тој воедно ја подвлекол улогата на Македонија за стабилноста на регионот.

XS
SM
MD
LG