Достапни линкови

logo-print

Могерини и Хан ќе ја посетат Турција


Шефицата за надворешна политика на ЕУ, Федерика Могерини и еврокомесарот за проширување, Јоханес Хан.

Шефицата за надворешна политика на ЕУ, Федерика Могерини и еврокомесарот за проширување, Јоханес Хан.

Шефицата за надворешна политика на ЕУ, Федерика Могерини и еврокомесарот за проширување, Јоханес Хан на 9 септември ќе ја посетат Турција. Могерини по средбата на министрите за надворешни работи на земјите членки на ЕУ во Братислава, Словачка информира дека посетата е со цел отворање на нов круг од политичкиот дијалог на високо ниво и за да ја разгледаат иднината на билатералните односи по обидот за преврат, што ЕУ го осуди.

Таа истакна и дека Турција се согласи да ја продолжи примената спогодбата со ЕУ за мигрантите и двете страни ќе продолжат да работат на визната либерализација. Могерини воедно ја повика земјата да размисли за проблемот со враќањето на смртната казна во земјата, што предизвикува сериозна загриженост во Европската Унија.

XS
SM
MD
LG