Достапни линкови

Погребан Ислам Каримов


Гробот на Каримов.

Гробот на Каримов.

На погребот на узбекистанскиот претседател Ислам Каримов присуствуваа илјадници луѓе, меѓу кои и лидери на држави. Каримов, кој почина на 78 годишна возраст од мозочен удар беше погребан во неговиот роден град Самарканд.

Меѓу присутните беше и рускиот премиер Дмитри Медведев, авганистанскиот претседател Ашраф Гани, како и таџикистанскиот и туркемнистанскиот претседател, Емомали Рамон и Гурбангули Бердимухамедов. Премиерот на Узбекистан, Шавкат Мирзијаев одржа говор на церемонијата и му одаде чест на Каримов, нарекувајќи го основачот на државата и голем син на нацијата.

XS
SM
MD
LG