Достапни линкови

Македонска делегација на канонизацијата на Мајка Тереза


Мајка Тереза

Мајка Тереза

Македонска државна и црковна делегација предводена од претседателот Ѓорге Иванов утре ќе присуствува на церемонијата на канонизација на Мајка Тереза во Ватикан. Церемонијата ќе се одржи на плоштадот „Св. Петар“, а на неа поглаварот на Римокатоличката црква, Папата Франциско ќе ја прогласи Мајка Тереза за Светица.

Посебно место на свеченоста ќе имаат делегациите од Македонија, Албанија и Индија како земји на нејзиното раѓање, потекло и мисија. Мајка Тереза беше добитник на Нобелова награда за мир, а нејзиниот чудотворен карактер беше признат од Римокатоличката црква.

XS
SM
MD
LG