Достапни линкови

Русија и Јапонија во преговори за спорните острови


Рускиот претседател Владимир Путин и јапонскиот премиер Шинзо Абе.

Рускиот претседател Владимир Путин и јапонскиот премиер Шинзо Абе.

Руските власти соопштија дека претседателот Владимир Путин постигнал договор со јапонскиот премиер Шинзо Абе да изготват предлог до крајот на годината за ставање крај на несогласувањата околу спорните острови.

Односите меѓу двете земји се нарушени поради спорот за Курлиските острови кои советските трупи ги заземаа на крајот од Втората Светска Војна. Тензиите за островите ги спречуваат Јапонија и Русија да потпишат мировен договор со кој формално ќе се стави крај на војната, со што се попречени и трговските врски.

XS
SM
MD
LG