Достапни линкови

Могерини-Се почитува примирјето во источна Украина


Шефицата за надворешна политика на ЕУ, Федерика Могерини.

Шефицата за надворешна политика на ЕУ, Федерика Могерини.

Шефицата за надворешна политика на ЕУ, Федерика Могерини изјави дека се одржува примирјето во источна Украина каде во борбите меѓу владините сили и проруските бунтовници загинаа повеќе од 9500 луѓе од почетокот на конфликтот во април 2014 година.

По средбата со министрите за надворешни работи на земјите членки на ЕУ во Братислава таа изрази надеж дека тоа ќе преставува добра основа не само за почетокот на учебната година, туку и за продолжување на ситуацијата во тој правец. Трилатералната контакт група која ја сочинуваат Украина, Русија и ОБСЕ неодамна постигна согласност за примирје во источна Украина кое започна на 1 септември.

XS
SM
MD
LG