Достапни линкови

ММФ предвидува поголем економски раст на Србија


ММФ соопшти дека економскиот раст на Србија во наредната година би требало да биде 2,8 проценти по овогодинешниот кој изнесува 2,5 отсто. Фондот предупредува и на ризиците од тоа сценарио и владата не треба да биде доведена во искушение од „розевите“ економски изгледи за да не претера со трошоците , бидејќи нивото на долгот на земјата останува високо. Според ММФ, од клучно значење е и Србија да продолжи со реформите во јавниот сектор кои се врзани со договорот за заем од 1,2 милијарди евра.

XS
SM
MD
LG