Достапни линкови

Русија ќе продаде дел од акциите на Роснеф


Рускиот претседател Владимир Путин

Рускиот претседател Владимир Путин

Русија продолжува со плановите да собере над 11 милијарди долари преку продажба на речиси една петина од државната нафтена компанија Роснеф пред крајот на годината. Рускиот претседател Владимир Путин во интервју за Блумберг изјави дека земјата планира да продаде 19, 5 отсто од акциите на стратешки инвеститори. Според него, продажбата ќе покаже дека Русија продолжува со посветеноста да ја намали улогата на земјата во економијата и покрај неуспехот во 2014 предизвикан од падот на цените на нафтата и западните санкции.

XS
SM
MD
LG