Достапни линкови

logo-print

Во Узбекистан молк за Каримов, странски лидери изразуваат сочувство


Самарканд, родното место на претседателот.

Самарканд, родното место на претседателот.

Странски лидери почнаа да изразуваат сочувство до Узбекистан за смртта на нивниот лидер Ислам Каримов, и покрај тоа што се уште нема официјална потврда за смртта на претседателот. Узбекистанските власти денеска соопштија дека здравствената состојба на 78-годишниот лидер е влошена, а неколку часа подоцна новинската агенција Ројтерс, повикувјаќи се на три дипломатски извори јави дека тој починал.

Неколку часа подоцна, премиерот на Турција, Бинали Јилдирим, на владина седница која беше пренесувана на телевизија, рече дека узбекистанскиот претседател Ислам Каримов починал, велејќи дека Турција ја споделува болката и тагата со узбекистанските граѓани.

Медиумите и новинските агенции цитираат разни извори кои јавуваат дека во земјата се прават подготовки за погребот, а веќе некои лидери потврдиле дека ќе присуствуваат на погребна церемонија. Има информации дека лидерите на соседните земји Киргистан и Авганистан ќе присуствува на погребот на Каримов на 3 септември.
Претседателите на Иран и на Грузија изразија сочуство исто така.
И дипломатски извор во Таџикистан за АФП изјави дека претседателот на земјата утре ќе отпатува во Узбекистан, без да наведе причини за посетата. Ројтерс објави дека Нурсултан Назарбаев, претседателот на соседен Казахстан, ќе ја прекине посетата на Кина и ќе отпатува за Узбекистан.

Исто така, има знаци дека Узбекистан може да се подготвува за погребот на Каримов. Се суредува Самарканд, родното место на претседателот, на главниот плоштад има поставено црвен килим и се поставува озвучување. Има активности и околу џамијата во Самарканд, а соопштено е дека аеродромот во градот утре ќе биде затворен за сите летови, освен за оние за кои ќе има потврда дека мора да се одвиваат на 3 септември.

Узбекистан вчера го прослави Денот на независноста, а Каримов беше отсутен на прославите.


XS
SM
MD
LG