Достапни линкови

Спасовски: Изборите мора да бидат регуларни


„На 11 декември мора да има и ќе има регуларни избори“, рече новоименуваниот министер за внатрешни работи во преодната влада Оливер Спасовски. Тој по изборот во Собранието, заедно со другите членови на СДСМ кои сега се дел од новата влада, порача дека во Македонија ќе има само регуларни избори и никакви поинакви и дека затоа тие се дел од техничката влада.

„Порачуваме, ќе го пресретнеме секој обид за какви било предизборни или изборни нерегуларности. Корупција на гласачи, притисоци, криминал – заврши во Македонија“, рече Спасовски.

XS
SM
MD
LG