Достапни линкови

Додик: И да биде забранет, референдумот ќе се одржи


Претседателот на Република Српска Милорад Додик не исклучува можност за забрана за одржување на референдум за Денот на Републиката, но порача дека тој сепак ќе биде одржан.

„Постои можност за забрана на референдумот или привремени мерки, но ние ќе го спроведеме референдумот. Тој е законски и заснован на нашето право“, изјави Додик на прес конференција.

Тој додаде дека најавениот референдум за 25 септември не е референдум што се занимава со сецесија или територијален интегритет.

„Ова е спроведување на одлука на Уставен суд да го прашаме народот што мисли за таа одлука. Србија и нејзиното раководство не не поддржуваат, но и не го оспоруваат референдумот, изјави Додик на прес конференција.

XS
SM
MD
LG