Достапни линкови

Пратениците треба да изгласаат преодна влада


Собранието ја почна расправата за избор на преодна влада која треба да ги организира предвремените парламентарни избори на 11 декември. На почетокот на седницата беа констатирани оставките на министерот за внатрешни работи Оливер Андонов и на министерот за труд и социјална политика Диме Спасов.

Согласно партискиот договор, преодната влада треба да биде избрана денеска.

Во оваа влада опозицијата треба да ги добие министерските места во секторите внатрешни работи и труд и социјална политика, како и дополнителни заменици министри за финансии, информатичко општество и администрација и за земјоделство.

СДСМ ги предлага истите имиња како во претходната преодна влада. Согласно постигнатиот договор, на 100 дена пред изборите треба да биде назначена и Санта Аргирова за главен и одговорен уредник на МРТВ.

XS
SM
MD
LG