Достапни линкови

logo-print

Жбогар: ЕУ очекува надминување на кризата


ЕУ со нетрпение очекува да се надмине долгорочната политичка криза преку Договорот од Пржино, со јасни насоки во тој правец за одговорност и ставање на прво место на интересите на земјата. Тие насоки се клучни не само за имплементација на овој договор, туку и за имплементирање на неопходните реформи за подобра иднина на вашите граѓани, рече новоименуваниот евроамбасадор Самуел Жбогар на средбата со претседателот Ѓорге Иванов. Тој потенцира дека функцијата на која доаѓа истовремено е привилегија, но и предизвик.

Иванов вели дека ЕУ треба да го почитува меѓународнато право и пресудата на Хашкиот суд за Македонија. Претседателот изјави и дека не е задоволен од односот на ЕУ кон Македонија во однос на бегалците, односно дека ЕУ ги игнорирала барањата на Македонија.

XS
SM
MD
LG