Достапни линкови

Русија и Јапонија ја зајакнуваат соработката


Претседателот на Русија Владимир Путин и премиерот на Јапонија Шинзо Абе денеска во Владивосток го поздравија зајакнувањето на соработката меѓу двете земји и покрај повеќедецениските тензии околу спорот за Курилските острови.

„Многу е важно инвеститорите кои придонесуваат за развој на економските односи меѓу Русија и Јапонија, да имаат и политичка поддршка“, изјави Путин на состанокот со Абе. Тие се сретнаа на маргините на економскиот форум во Владивисток. Јапонскиот премиер вели дека Јапонија е подготвена да вложи максимален напор за развој на соработката со Русија.

Ова е втор состанок на двајцата политичари од почетокот на годината. Според најавите на Кремљ, Путин во декември ќе ја посети Јапонија, по пауза од 11 години.

XS
SM
MD
LG