Достапни линкови

Грција предупредува за нов бегалски бран


Три месеци по евакуацијата на илјадниците бегалци и мигранти од импровизираниот бегалски камп на македонско-грчката граница, грчките власти соопштија дека повторно е забележено зголемување на обидите за нелегално преминување на границата кон Македонија, пишува грчкиот весник „Катимерини“.

„Тие одат со воз до селото Муриес и се обидуват да ја преминат границата низ шумите и по брегот на Дојранското Езеро, додека други се обидуваат да ја преминат границата преку селото Хамило во близина на Идомени’, велат за весникот полициски извори од Грција.

Околу 60 илјади мигранти останаа во Грција, откако соседните земји ги затворија границите за бегалците кон почетокот на годинава.

XS
SM
MD
LG