Достапни линкови

Ердоган ги бара од ЕУ парите за мигрантите


Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган денеска ја обвини Европската унија дека недоволно финансиски ја помогна Турција, иако тоа го вети во рамки на спогодбата за мигрантите. ЕУ вети шест милијарди евра како поддршка за Турција на своја територија да задржи околу три милиона бегалци.

„И што се случи? Досега дадената поддршка изнесува 183 милиони евра“, вели Ердоган. Тој додава дека овие пари не и се дадени на Турција, туку на Уницеф.

„Ниту една земја не може сама во оваа криза. За жал, ЕУ не го одржаа ветувањето за ова прашање, рече Ердоган.

XS
SM
MD
LG