Достапни линкови

Нови санкции на САД против проруските бунтовници во Украина


Американското министерство за финансии соопшти дека ќе воведе нови санкции поврзани со конфликтот во Ујкраина. Со нив ќе бидат погодени 37 лица и организации во Русија и Украина, меѓу кои и претпријатија задолжени за изградба на мостот што треба да ги поврзе Русија со анкетираниот полустров Крим. На листата на санкциите се наоѓаат и шестмина проруски бунтовници, како и 11 луѓе од Крим. Во двегодишните судири меѓу проруските сепаратисти и украинските власти на истокот на Украина загинале околу 9 илјади и 300 луѓе, додека милион ипол се раселени.

XS
SM
MD
LG