Достапни линкови

logo-print

Вучиќ: Остануваме со нашиот народ во Република Српска


Српскиот премиер Александар Вучиќ, по состанокот на државниот врв на Србија со највисоките официјални претставници од Бања Лука, изјави дека Србија секогаш ќе остане со српскиот народ во Република Српска. „Без разлика на различното согледување на политичките последици од референдумот, кои ги изнесовме на состанокот ние од Србија и политичките претставници на Србите од РС, можам само да порачам дека Србија секогаш ќе биде и ќе остане со нашиот народ во Република Српска“, нагласи Вучиќ. Тој и претседателот Томислав Николиќ не го поддржаа одржувањето на референдумот за Денот на Република Српска. Тие, исто така, не сакаат да влијаат на промена на ставот на политички претставници на Србите во РС.

XS
SM
MD
LG