Достапни линкови

logo-print

ЦО на СДСМ избра членови во техничката влада


Централниот одбор на СДСМ едногласно ги прифати предлозите на раководството и Извршниот одбор на партијата за кандидати за министри и дополнителни заменици министри за составот на техничката Влада за организирање и спроведување избори. Кандидат за министер за внатрешни работи е Оливер Спасовски, Фросина Ременски е кандидатка за министерка за труд и социјална политика, Кире Наумов кандидат за дополнителен заменик министер за финансии, Александар Кирацовски кандидат за дополнителен заменик министер за информатичко општество и администрација и Љупчо Николовски кандидат за дополнителен заменик министер за земјоделство, водостопанство и шумарство. Централниот одбор ја прифатил одлуката на Извршниот одбор за одржување тематски конгрес на партијата. На вечерашната седница, Централниот одбор едногласно решил нов член на ЦО на СДСМ да биде Мухамед Зекири.

XS
SM
MD
LG