Достапни линкови

Балканската бегалска рута се уште актуелна


Една од главните теми на неформалниот состанок на министрите за надворешни работи на земјите членки на ОБСЕ што се одржува во Потсдам во близина на Берлин е можноста од нови бранови бегалци поради неспроведување на договорот ЕУ - Турција. Со договорот Брисел се обврза да плати шест милијарди евра за згрижување на сириските и други бегалци на турска територија, да ја забрза турската евроинтеграција и да воведе визна либерализација за турските граѓани.

„Во повеќето европски држави се разговара за можни планови кои што би се случиле на терен доколку не успее сегашниот договор за контрола на мигрантиските текови. Во овој случај Македонија повторно би се нашла на првата линија на бегалската криза и затоа за ова прашање мораме да соработуваме со нашите соседи“, изјави за МИА вицепремиерот Никола Попоски, кој присуствуваше за состанокот.

XS
SM
MD
LG